Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје го освои Суперкуп трофејот

Објавено

на

Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје го победи Работнички со минимални 79:78 во кошаркарскиот Суперкуп кој се играше вечерва во салата во „СРЦ Кале“.

Скопските ривали одиграа рамноправно прво полувреме, па по дваесет минути Работнички имаше само поен предност.

МЗТ Скопје сериозно го подигна нивото во третиот период и го заврши со највисока предност од тринаесет поени. Избраниците на Дарко Радуловиќ најмногу отидоа до плус четиринаесет во последната четвртина, но потоа Работнички почна да ја топи предноста и најави драматична завршница.

На 73 секунди до крајот резултатот беше 79:78, двете екипи имаа по неколку промашувања и до крајот немаше промени, а МЗТ го освои Суперкупот кој од годинава го носи името „Драган Василов – Цевка“.

Мекиќ со 27 и Стојановски со 16 поени беа најдобри реализатори во победничката екипа, додека кај Работнички, Мустафица реализираше 24, а Емерсон 23 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни