Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје го надигра Еуро Никел и ја продолжи победничката серија

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа четвртата победа во низа во првата македонска лига, а нивна најнова жртва беше составот на Еуро Никел кој беше совладан на негов терен со 96-81.

Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и првите десет минути ги заврши со 25-21. Меѓутоа од тука „металците“ беа тиа што беа подобри, ги добија преостанатите три четвртини со тоа што клучна беше третата која ја реализираа со  30-17.

Ова за избраниците на Радуловиќ беше 14 сезонски триумф, во истиот прво име беше Магдевски со 19 поени на 12 минути, Карачиќ додаде 15, Гравет 14, а пак центарот Крстевски имаше дабл-дабл учинок од 12 кошеви и 11 скокови.

Комплетната почетка петорка на Еуро Никел беше двоцифрена, најефикасен беше Рикиќ со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни