МЗТ Скопје доби и женски кошаркарски клуб

grncarov pres

МЗТ Скопје во иднина ќе има и женски кошарски клуб кој ќе настапува под името ЖКК МЗТ Скопје Аеродром.

Оваа вест денеска ја соопштија од тимот од Аеродром и тоа извршниот директор на актуелниот шампион, Тони Грнчаров. Се работи за фузија со прволигашот Студент Академија кој веќе го промени името и во вториот дел од сезоната ќе настапува како дел од сино-белото семејство.

-По консолидирањето на младинската школа, што кулминира со играње и со вториот тим во Првата лига, дојде време да направиме чекор напред во делот на вклучување и на женски состав во нашето семејство. Свесни сме на драстичниот пад на македонската женска кошарка, поради што сметавме дека можеме да дадеме свој придонес на нејзината популаризација, -истакна Грнчаров.

 

Facebook Коментари