Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје доби голем спонзорски сојузник во „Адмирал“

Објавено

на

Покрај годишниот буџет кој го издвојува Општина Аеродром и досегашните добро познати спонзори, МЗТ Скопје денеска доби уште еден голем сојузник во обидот да направи уште поголем прогрес во кошарката, бидејќи склучи договор со „Адмирал“.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија продолжуваатпреку различни проекти да го поддржуваат развојот на спортот во нашата земја, а нивни следен проект е МЗТ Скопје кој влегува со огромни амбиции во новата натпреварувачка сезона, во која ќе се натпреварува во првата АБА лига.

„МА Гаминг“ ДООЕЛ Скопје, кој е застапник на брендот „Адмирал“ во Македонија, преку спонзорски договори станува партнер на македонските спортски гиганти. Автомат клубовите „Адмирал“ се присутни на домашно тло од 2009 година, како претставник на австриски „Новоматик“ и овој глобално реномиран бренд редовно е дел од различни донаторски проекти, а сега влегува и во професионалниот спорт.

– Во рамки на нашите деловни можности продолжуваме и понатаму да придонесуваме во општествениот развој. Во нашиот корпоративен код е вградена општествената одговорност. Не само тука, туку и секаде во светот каде е застапен Адмирал. Младите се иднината на секоја држава и затоа наш фокус е подршката на проекти кои инвестираат во нивниот правилен развој, едукација и воспитување. Веруваме дека партнерството на Адмирал со МЗТ е еден вистински чекор во таа насока, – изјави г-дин Петар Пенчев, директорот на „МА Гаминг“ ДООЕЛ Скопје.

Од соопштението за издвојување е и делот во кој се наведува дека Адмирал во скора иднина ќе објави соработка и со познат ракометен бренд од Македонија.

– Несомнено е дека секој вид поддршка за професионалниот спорт значи сериозен придонес во правилниот развој и воспитувањето на младината од различни генерации. Младите гледаат свои идоли во професионалните спортисти и неретко се идентификуваат со индивидуалните и колективните успеси. Не случајно на повидок е и ново партнерство на „Адмирал“ во македонскиот ракомет, за што јавноста дополнително ќе биде запознаена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни