МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!

karadjovski

Екипата на Работнички доби уште една битка во финална серија со МЗТ Скопје и на тој начин ја обезбеди титулата кошаркарски шампион на Македонија.

nesovic

Најтрофејниот наш колектив вечерва во „Градски Парк“ по голема борба славеше со 87-84 и на тој начин го обезбеди 15 трофеј во својата историја, прв по пауза од девет години. И овој пат „металците“ водеа на полувреме (48-40), водеа и по три четвртини (63-57), но последните 10 минути одново се покажаа како кобни за нив, противникот ги надигра со 30-21 што беше доволно за пораз и со 3-0 да се затвори оваа серија.  Воедно со ова се прекина доминацијата на МЗТ кој од 2012 до оваа сезона ги освојуваше титули во домашниот шампионат.

robinson-kraford

Костов со 19 и Караџовски со 17 поени беа најефикасни кај Работнички, додека Бојиќ за МЗТ даде 17 поени со 9 скокови.

Наградата за најкористен играч во финалната серија му припадна на Расел Робинсон.

Facebook Коментари