Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ си поигра со Пелистер и обезбеди финале во Купот на Македонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Кошаркарите на МЗТ Скопје го надиграа Пелистер и обезбедија место во големото финале на Купот на Македонија.

Клубот од скопски Аеродром славеше на крајот 103:88, разлика која можеше да биде и повисока ако металците не се опуштеа воо завршната четвртина. Инаку Пелистер тргна добро и поведе со 6-0, потоа водеше и со 11-5 по што бранителот на трофејот се впушти во акција, направи серија и го сврте резултатот за водство од 20-11 за да потоа да има целосна контрола на играта и резултатот.

На полувреме избраниците на Атанасов водеа со 60-40, по 30 минути таа предност изнесуваше 82:60 и едноставно беше јасно дека МЗТ оди кон ново финале во ова натпреварување.

Се издвои Маслинко со 29 поени, Петков додаде 14 кошеви, додека Стојановски на другата страна уфрли 20 кошеви.

Во второто полуфинале домаќинот на турнирот Кожув ќе се соочи со Гостивар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни