Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ се засили со поранешен бек на Работнички

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје се пофали со ангажман на искусниот бек од Девствените острови, Дион Едвин.

Едвин во новата средина доаѓа од редовите на унгарски ДЕАК каде во минатата сезона имаше просек од 13,3 поени, 5,3 скока и 5,3 асистенции.

Инаку Дион во минатото играше за Работнички што значи дека многу добро му е позната нашата кошарка.

Тој е четвртиот странец во ростерот на „штрковите“ по Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ (Хрватска) и Милош Копривица (БиХ), а домашните играчи тука се Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни