Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ се засили со американскиот центар Максвел

Објавено

на

Американскиот кошаркар Еван Максвел од денеска е нов член на македонскиот шампион МЗТ Скопје и ново засилување за екипата која ќе игра и во АБА лигата.

МЗТ договорил едногодишна соработка со 27-годишниот центар кој треба да биде освежување за екипата под обрачите, а Максвел доаѓа од украински Запорожје.

Минатата сезона имал просек од 11 поени и 7,6 скока по натпревар, а претходно настапувал за британски Њукасл и за словачкиот прволигаш Списка.

Претходно, МЗТ го ангажираше Страхиња Миќовиќ, кој игра на позиција крилен центар, како и Американецот Мајк Кафи.

Од претходната сезона останува Бре Ајви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни