Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ се справи со Младост во првиот сезонски натпревар во АБА 2

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје славеше победа во првиот, воведен натпревар од новата сезона во АБА 2 лигата, откако со 97:90 беше поуспешен од тимот на Младост Земун.

Аеродромци славеа заслужена победа на првиот натпревар во „балонот“ во Златибор во кој во следниот период ќе се одиграат уште неколку натпревари.

Дарко Радуловиќ конечно можеше да смета на поширок ростер, па во тимот ги имаше и Мекиќ, Крстевски и Рикиќ кои и тоа како помогнаа за да се оствари триумф на оваа средба.

Двата тима се менуваа во водството, а избраниците на Радуловиќ подобро се снајдоа во клучните моменти од средбата и со одлична игра, пред се во одбраната стигнаа до посакуваната победа.

Репрезентативецот Робев беше најефикасен поединец на паркетот со 30 поени, додека Милошевиќ застана на 20 поени.

Вториот меч на турнирот на Златибор МЗТ го игра задутре и тоа против словенека Рогашка (21 часот).
Marjan Bosale и 131 други
8 коментари
1 споделување

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни