Македонија
МЗТ се раздели со Хрватот чиј договор го продолжи пред само неколку месеци (Фото)
МЗТ Скопје не игра на посакувано ниво во првиот дел од сезоната и доказ за тоа се и неколкуте лоши резултати во домашното првенство, што од една страна го тераат македонскиот шампион да размислува за промена на играчкиот ростер во текот на оваа зима.
Клубот од Аеродром вечерва објави дека спогодбено се разделил со еден кошаркар кој изминатово лето го продолжи договорот, а тоа е хрватскиот интернационалец, Марко Баковиќ.
Оваа вест од таборот на МЗТ доаѓа малку неочекувано со оглед на тоа што управата му укажа доверба, но се чини дека Хрватот е прва жртва и најава дека многу работи можат да се променат за вториот дел од сезоната.
Баковиќ сезонава имаше скромни бројки во македонското првенство и имаше просек од 6,2 поени и 5,3 скока по натпревар, а бројките му еба малку подобри во АБА2 лигата.
Хрватот дојде во редовите на македонскиот првак во 2023-та година, а претходно настапуваше за Форца Леида и Цибона.
-
Англија17 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија19 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија10 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија10 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
АТП11 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Германија14 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)