Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ се опушти и претрпе неочекуван пораз за крај на регуларниот дел од АБА2 сезоната

Објавено

на

МЗТ Скопје со безболен пораз го завршува регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата, откако денеска неочекувано загуби од Златибор во меч во кој влезе како голем фаворит.

Аеродромци како да се опуштија во ситуација кога натпреварот немаше преголемо резутлатско значење, па во отсуство на искусниот Војдан Стојановски, средбата започна навистина лошо и цели шест минути беа без релизација.

Црната дупка на МЗТ резултираше со предност на Златибор од 29:14 по првите 10 минути игра, но иако македонскиот претставник успеа да се консолидира, сепак немаше сили за комплетен пресврт и победа.

МЗТ на крајот загуби со 88:84 и мораше да се помири со третиот пораз во 13-та рунда во АБА2 лигата, но и покрај ова останува прв тим на табелата поради подобриот дуел со Хелиос.

Адеми Мекиќ со 19 поени и 11 скокови беше најдобар поединец во редовите на МЗТ, додека лидер на победничкиот тим беше Кутлешиќ кој беше и најефикасен на паркетот со 25 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни