Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ се мачеше едно полувреме, но сепак стигна до победа над Феникс 2010

Објавено

на

Феникс 2010 се покажа како незгоден предизвикувач за МЗТ Скопје и навистина го намачи македонскиот шампион, кој малото градско дерби мораше да го решава во последната четвртина.

Искуството на МЗТ пресуди во завршните 10 минути и тоа ја направи главната разлика на денешниот натпревар, во кој гостите се покажаа како навистина жилави, се до завршницата кога до израз дојде квалитетот, но и смирената рака на домаќините (73:64).

МЗТ имаше негатива од 30:35 по првото полувреме кое беше навистина скромно во напаѓачки сегмент, но фаворитот почна да се буди на стартот на третата четвртина, во која успеа да направи пресврт и да го контролира водството.

Во последниот период, „металците“ се одлепија и заминаа на двоцифрена предност, а на крајот тоа им овозможи да слават со 73:64 на отворањето на седмото коло во македонската кошаркарска лига.

Војдан Стојановски беше лидер во пресвртот со 20 поени и 7 скокови, а следен беше од неговиот брат Дамјан кој запиша 14 поени и 7 скокови. Во поразениот тим, по 19 поени уфрлија Митревски и Риџ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни