Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ рутински до 14. славје во шампионатот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје ја забележа 14. победа во Првата лига и тоа против Вардар со 88:66.

Разликата во квалитет меѓу двете екипи е голема и тоа беше потврдено на теренот каде тренерот Атанасов им даде шанса на сите играчи, а воедно ги заштити и оние најважните за следните предизвици.

Миловановиќ со 16 поени и Андоновски со 12 беа лидери кај „металците“, додека кај поразените Јилмаз беше автор на 13 кошеви.

Феникс 2010 пак беше подобар од МКК Куманово со 84:75 во дуелот во кој се истакна Митревски со 21 поен, а го пратеа Бертранд, Шепард и Тимоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни