Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ режираше слатка одмазда против ТФТ пред кошаркарскиот плејоф

Објавено

на

МЗТ Скопје имаше нерасчистени сметки со ТФТ Скопје поради поразот во финалето во Купот, но денеска успеа да режира слатка одмазда во Суперлигата.

Аеродромци со едно доминантно издание остварија убедлива победа од 104:81 и се израмни на првото место со Пелистер, тимот кој го победи во претходното коло.

МЗТ влегува во посакуван ритам пред разигрувањето кое следи, односно завршниот плеј-оф составен од четири екипи, кој ќе го одреди и новиот кошаркарски шампион во Македонија.

„Металците“ денеска ја најавија победата уште во првата четвртина која ја добија со 30:19, а најдобра отслика за доминацијата на овој меч е тоа што домаќинот ги доби и наредните три четвртини.

На првиот меч кој се одигра денеска во Суперлигата, Гостивар го победи Еуро Никел со 78:70 во директната битка за влез во плејофот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни