МЗТ и Работнички ќе заборават на ривалството: Овој пат победник ќе биде легендарниот Гешовски

Gesho

Вечерва, ќе се одигра осмото коло во машката сениорска конкуренција во домашното првенство. Но, за прв пат лутите ривали МЗТ и Работнички ќе ги обедини едно име, македонската и југословенска легенда Стеван Гешоски.  Двата тима ќе заборават на ривалството и во секој постигнат кош со мислите ќе бидат кон поранешниот капитен на двата тима, Стеван Гешоски. Македонската кошаркарска федерација веќе упати апел кон сите хумани граѓани да донираат за поранешниот репрезентативец кој пред две години доживеа мозочен удар и му се потребни средства за лекување со матични клетки во Москва. Сите собрани средства од продадените билети за денешниот натпревар, кои чинат сто денари, ќе бидат донирани за животната борба на Стеван Гешоски. Натпреварот, за сите кои нема да бидат во можност да го проследат од трибините во СЦЈС ќе можат да го проследат на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ).

Facebook Коментари