Македонија
МЗТ пронајде решение за Куманово, Пелистер со пресврт до славје на дебито на Трајковиќ

Кошаркарите на МЗТ Скопје влегоа во посакуван ритам во Првата лига, а потврда за тоа се шеста победи во низа од која последната беше против МКК Куманово со 83:67.
Куманово имаше перфектни седум од седум на домашен терен, но тоа не ги исплаши металците кои му одржаа лекција на тимот кој го води Марин Докузовски. МЗТ водеше со 42:33 во 20 минути, додека по три четврини таа предност изнесуваше 64:46 по што беше јасно дека гостите од Скопје ќе го освојат целиот плен.
Крстевски беше лидер со 26 поени, двоцифрени беа уште Едвин со 13 и Стојановски и Маслинко со по 10 кошеви. Тадиќ кај поразените беше автор на 128 кошеви.
Пелистер пак оствари триумф над Гостивар од 89-78 во дебито на новит тренер Ненад Трајковиќ. „Зелено-белите“ не беа на посакуваното ниво во првиот дел и на одмор заминаа со негатива од 46:55, но по паузата излезе друга екипа на двете страни на теренот и го запиша резултатот кој го посакуваше.
Бојиќ беше најдобар на паркетот со дабл-дабл од 26 поени и 11 скока.
До победи на денешните мечеви дојдоа и екипите на Тиквеш и Шкупи над Кожув односно Вардар.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)