Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ прокоцка солидна предност и загуби во продолжение од Златибор

Објавено

на

Фото: ABA 2/Dragana Stjepanovic

МЗТ Скопје беше блиску до продолжување на победничката серија во АБА 2 лигата, но најпрвин испушти сериозна предност во регуларниот дел од дуелот со Златибор, за потоа и да го загуби дуелот (85:90) со српскиот ривал.

Македонскиот првак се бори за што подобар пласман во пресрет на плејоф завршницата, а на полувреме на денешниот дуел имаше плус десет поени.

МЗТ имаше плус 13 во третиот период, потоа влезе со седум поени предност во последниот период, но Златибор направи серија со која го презема и водството, па Стојановски со тројка мораше да избори продолжение за својата екипа и тоа со резултат 72:72.

Слични улоги двете екипи имаа и во дополнителните минути, па по подобриот старт на нашиот противник, следуваше период во кој Златибор подобро се снаоѓаше на теренот и на крајот стигна и до победата.

Гилон со 25 и Делалиќ со 21 поен беа најефикасни кај МЗТ, додека во победничкиот тим, Ѓукановиќ стигна до дури 33 поени на оваа средба.

Со денешниот пораз, МЗТ остана на осум победи, додека Златибор е на врвот со две победи повеќе.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни