Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ пресилен за Куманово, трета победа по ред за шампионот

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до трета победа по ред во македонското првенство, а денеска беа убедливи на средбата со Куманово (86:71).

По рамноправниот прв период, МЗТ стигна до солидна предност на полувреме, а во последниот период влезе со водство од 67:48, што се покажа како недостижна предност за кумановци.

Стојановски со 25 и Дејвис со 16 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ, додека Каплановиќ ги предводеше реализаторите во редовите на Куманово со 15 постигнати поени.

МЗТ сега има ефект 3-1 и барем привремено е на првото место на табелата.

Од денешната програма во најквалитетното првенство, Феникс го победи тимот на Ангели со 83:80 во дуелот на новите прволигаши, а за домаќините ова е втора победа сезонава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни