Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ повторно го надигра Пелистер и е на чекор до нова титула

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје издвојуваа уште една победа над Пелистер во борбата за пехарот во нашиот шампионат.

„Штрковите“ не беа убедливи како на првата средба (84-64), но и триумфот од 75-67 беше доволен да поведат со 2-0 во оваа финална серија. Домашниот тим беше сигурен во првото полувреме (44-35), предноста продолжи да ја зголемува и по паузата и во последните десет минути влезе со двоцифрена позитива (62-50).

Битолчани се обидоа да се заканат во завршниот период, ама немаа сила за нешто повеќе и сега ќе мораат на домашен терен да покажат многу повеќе ако сакаат да останат живи во оваа трка за пехарот.

Стојановски со 23 поени беше прв стрелец, Абу даде 15, а Кефи 12 кошеви. Кај поразените Маслинко беше автор на дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни