Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ потврди три засилувања на Илинден: Хрватскиот „џин“ од Еуро Никел и двајца Американци

Објавено

на

МЗТ Скопје крои планови за тоа како да ја одбрани двојната круна во домашното првенство и дефинитивно размислува што подобро да се прикаже во регионалните натпреварувања, па на ден „Илинден“, објави дека се договорени три големи засилувања за новата натпреварувачка сезона.

Раководството на „металците“ успеа да го договори хрватскиот „џин“ кој минатата сезона настапуваше одлично во Еуро Никел, извонредниот Роберт Рикиќ кој е висок 219 сантиметри. Покрај него, МЗТ објави соработка со двајца Американци, но соопшти дека е обновен и договорот на Кристијан Николов.

– Управата на МЗТ Скопје Аеродром изминатиот период го мина во интензивни преговори со поголем број квалитетни кошаркари со цел да се дојде до вистинските засилувања за новата сезона во која ќе ја браниме двојната круна на домашна сцена.

– Изборот падна на двајца Американци, Дастин Ваер (31 год, 183 см) и Хуан Дејвис (24 год, 203 см), еден добро познат хрватски интернационалец, Роберт Рикиќ (31 год, 219 см), додека обновен е и договорот со македонскиот репрезентативец Кристијан Николов (24 год, 187 см).

– Ваер е игра на позицијата плејмејкер и зад себе има големо европски искуство, кое му почна пред десетина години во дресот на Цибона, а потоа настапувал за екипи како германски Улм, Јашеберени, ЗТЕ (Унгарија), Виши, Булазак (Франција), Лукоил Академик, Колосос и полски Шчекин каде што ги мина последните две сезони. Дејвис е крилен центар кој доаѓа од холандски Феенорд, а има играно и за финските екипи Нокиа и Каухајон, со кој беше дел од Лигата на шампионите на ФИБА. Џинот Рикиќ е поранешен играч на Широки, Будуќност, Игокеа, Сплит, кој минатото првенство беше најдобар играч на Еуро Никел.

– Николов, пак, трета сезона по ред ќе го носи сино-белиот дрес на нашиот клуб, со што ја збогатува репрезентативната колонија во МЗТ Скопје Аеродром. Тренерот Дарко Радуловиќ ќе има големи очекувања од него во делот на организацијата на играта, особено по заминувањето на Андреј Магдевски на печалба во Полска.

– Капитен на екипата останува Дамјан Стојановски, а договорни обврски со нашиот клуб имаат уште и Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев. Со ова, најверојатно, засега ќе го заокружиме ростерот со напомена дека останатите четири места во тимот ќе бидат пополнети со играчи од нашата младинска школа, пред се од вториот тим, со цел најголемите таленти да добијат шанса да се натпреваруваат со најдобрите со кои располага МЗТ Скопје Аеродром, – гласи опширното соопштение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни