МЗТ потклекна во Сплит и го претрпе петтиот пораз во АБА 2 лигата

split-mzt

По поразот во домашното првенство од тимот на Гостивар, МЗТ Скопје денеска прокнижи нов неуспех и во регионалното натпреварување, откако потклекна во самиот финиш на гостувањето во Сплит.

„Штрковите“ беа подобри во првото полувреме, заминаа на пауза со позитива од 50:45, но потклекнаа кога најмалку требаше, во пресудните моменти од средбата. МЗТ одржуваше егал ситуација во најголем дел од вториот дел, но во одлучувачкиот период комплетно се „изгаси“ и ја загуби последната четвртина со 31:16.

Ова беше пресудно за конечниот пораз од 98:85, што беше вкупно петти неуспех за македонскиот првак во АБА 2 лигата. Истиот сепак не направи никаква разлика на првенствената табела, бидејќи МЗТ и натаму останува втор пред денешниот ривал Сплит кој е на третото место со 26 поени.

Facebook Коментари