Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ потклекна во одлучувачкиот период и со два порази се враќа од Бања Лука

Објавено

на

blank

МЗТ Скопје доцна вечерва го одигра и третиот меч во „балон“ турнирот кој се одржа во Бања Лука, а за жал од истиот ќе се врати со два порази и една победа, онаа која ја оствари во вторникот против тимот на Хелиос.

Македонскиот претставник во АБА2 натпреварувањето денеска имаше навистина сериозен испит, па и покрај тоа што одлично се носеше со лидерот на табелата и се чинеше дека може да влезе во неизвесна завршница, потклекна кога најмалку требаше и немаше сили за завршната четвртина.

„Штрковите“ ја загубија последната четвртина со 29:16 и ја фрлија во вода цела добра работа до одлучувачките десет минути, па на крајот Студентски Центар славеше со 92:75, триумф со кој се заврсти на првото место на табелата.

Од друга страна, за МЗТ ова беше трет пораз во досегашниот тек на шампионатот и вториот турнир го завршува со биланс од една победа и два порази, поради кои падна на седмото место, иако со уште една победа можеше да биде и втор.

Хасани Гравет со 21 поен беше најпрецизен во тимот на МЗТ, исто толку постигна и Славковик во победничкиот тим, а два помалку уфрли Дробњак. Во тимот на Студентски Центар дури четворица играчи беа двоцифрени, додека во МЗТ покрај Гравет, одличен беше и Бојиќ со 13 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни