Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ постигна четири поени за една четвртина и загуби од Гостивар

Објавено

на

Бранителот на титулата во Првата кошаркарска лига, МЗТ Скопје доживеа неочекуван пораз од Гостивар од 60:55 во премиерниот меч од 17. коло.

„Штрковите“ влегоа во овој меч со седум победи во низа во шампионатот, но иако имаа статус на апсолутни фаворити тоа не го потврдија на теренот каде постигнаа скромни за нив 55 поени за 40 минути. Гостите особено потфрлија, се посрамотија во третиот период во кој дадоа само четири кошеви.

Овие слабости беа искориститени од домашниот тим кој имаше четворица играчи со двоцифрен учинок, лидер беше Соколов со 13 кошеви.

Војдан со 18 и Крстевски со 15 поени беа најефикасни кај МЗТ каде целосно потфрлија Дамјан и Магдевски кои иако поминаа по 30 минути на теренот заедно искомбинираа само 3 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни