Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ покажа моќ во второто полувреме и лесно го „искачи“ Кожув

Објавено

на

МЗТ Скопје фаќа залет во домашното првенство, па така по победата над ТФТ Скопје, денеска забележа и втор триумф во низа откако покажа разлика во класи во второто полувреме на гостувањето во Гевгелија.

Кожув е далеку од квалитетот кој го прикажуваше во изминатите сезони, па со таков распоред на силите, успеа да парира само едно полувреме, додека во второто комплетно се распадна и му овозможи на фаворитот да дојде до лесна победа.

По изедначените први 20 минути, МЗТ додаде гас и третата четвртина ја доби со 18:8, а токму добрата игра во одбраната беше најава за победата и одржување на сигурната предност која беше воглавно двоцифрена во второто полувреме од мечот.

МЗТ стигна до максимални плус 19 во последната четвртина и буквално го разби отпорот на домаќинот, па на крајот лесно стигна до петта победа во шампионатот од 65:82.

Олуџоби со 25 поени и 10 скокови беше убедливо најдобар поединец на паркетот, Крстевски и Гравет уфрлија по 15 и 14, додека во Кожув се истакнаа Скот со 19 и Станојевиќ со 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни