АБА лига
МЗТ покажа карактер против Будуќност: Се врати од „минус 19“, но немаше сили за победа

МЗТ Скопје за жал претрпе нов пораз во АБА лигата, но денеска македонскиот претставник покажа голем карактер и малку фалеше да направи огромно изненадување против Будуќност.
Тимот од Црна Гора кој е четврти на табелата го диктираше темпото во најголем дел од мечот, стигна до максимални плус 19 на средина на третата четвртина, но на крајот мораше да се испоти за да си замине со цел плен од Скопје.
Аеродромци презентираа борбен дух кој е одлика за националниот шампион и успеа да направи неверојатен кам-бек во мечот, но на крајот снема сили во клучните и пресудни моменти.
По негативата од минус 19, МЗТ двапати имаше егал во четвртиот период со 76:76 и 78:78, но вложениот труд и заморот си го направија своето и Будуќност имаше повеќе нерви и свежина во завршните моменти.
На крајот, фаворитот победи со 86:90 во натпревар во кој МЗТ покажа две лица, но кој сигурно ќе донесе и позитивни вибрации поради тоа што кошаркарите денеска сфатија дека можат да се носат и со поквалитетен противник.
Војдан Стојановски со 20 и Абу со 19 поени беа најдобри во нашиот тим, додека Бел Хејнс беше најдобар на паркетот со 22 поени и 6 асистенции.
-
Светпред 20 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 20 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 7 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 15 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 18 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
Италијапред 18 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 17 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир