Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ покажа карактер и се врати од голема негатива, Кефи трагичар во Белград (Видео)

Објавено

на

Натпреварот во Железник салата во Белград донесе чудна и необична пресметка во најсилната АБА лига, во која вистинска штета е што МЗТ Скопје не успеа да стигне до втората победа оваа сезона.

„Металците“ на тренерот Петровиќ покажаа голем карактер и се вратија од негатива од 19 поени која ја имаа на почетокот на последната четвртина во дуелот со ФМП, но кога требаше да дојдат до израмнување на 11 секунди пред крајот, затрепери раката на најефикасниот.

Американецот Кефи погоди само едно од двете слободни фрлања и се претвори во трагичар во драматичната завршница во Белград, бидејќи неговиот втор „пенал“ требаше да донесе израмнување на 97:97.

Наместо тоа, ФМП реализираше во следниот напад и се избори за победа од 101:97, која прави да има скор од 6:1 во новата натпреварувачка сезона.

Белградскиот тим ја зазема втората позиција на табелата, додека МЗТ останува со биланс од само една победа, а овој вечерашниот беше шести пораз.

Трагичарот Кефи со 18 поени беше најефикасен играч на паркетот, исто толку постигна и Мицовиќ, додека во победничкиот тим најдобар беше Литванецот Валинскас со 17 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни