Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ покажа две лица против Осијек, но се враќа со „два од два“ од вториот АБА балон

Објавено

на

За разлика од Пелистер кој претрпе два порази на двата меча во АБА2 балонот кој се играше изминативе три дена, МЗТ Скопје се враќа со „два од два“ од турнирот во Осијек, бидејќи вечерва оствари триумф и над домаќинот.

Откако отвори со победа во македонското дерби против Пелистер, „штрковите“ високо летаа и денеска против домаќинот Осијек и се искачија на третото место на табелата во второто по ранг АБА натпреварување.

Првото полувреме беше резултатски целосно во корист на домаќините и МЗТ во еден момент имаше негатива од 10 поени, но тоа не ги поколеба играчите од Скопје кои пресвртот го најавија во третата четвртина, а го потврдија во одлучувачкиот период.

МЗТ ја доби третата четвртина со 25:17 и тргна кон победа, што на крајот и беше остварена благодарение на импресивната игра во одбрана, со која на противникот му дозволи да постигне само 13 поени во последната четвртина.

Со конечни 83:73, МЗТ стигна до третата победа од стартот на новата АБА2 сезона, па пред „штрковите“ на табелата се само Хелиос и Борац.

Статистички гледано, денеска најдобар беше Ваер со 22 поени, Милошевиќ имаше еден помалку, а Дејвис уфрли 18.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни