Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ победува, но Кочов критикува: Не се игра кошарка само 20 минути, ќе мораме…

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје со триумф над Борац Бања Лука од 99-75 го заокружија настапот во првиот „балон“ во АБА2 лигата.

„Металците“ одиграа перфектно прво полувреме кое го решија со 57-37, но попуштија во вториот дел, имаа грешки кои дефиниитвно не му се допаднаа на тренерот Ѓорѓо Кочов.

-Mислам дека одигравме одлично прво полувреме и второ полувреме кое не смее да ни се повтори. Одбраната горе-доле беше добра, ама такви грешки на 20 разлика, да не се игра во наш систем е недозволиво и тоа може скапо да не чини следниот пат. Тоа уште утре ќе го решиме.

-Им честитам на моите играчи кои спроведоа голем дел од тоа што бевме договорени, особено дефанзивно. Имавме добар шутерски ден, меѓутоа катастрофално изведувавме слободни фрлања, плус имаат осум скока повеќе од нас. Тоа беше прво нешто во планот што го имавме и не го реализираме, ќе мора да работиме да бидеме уште подобри. Не можеме да играме 20 минути кошарка, се игра 40 минути, -рече Кочов кој даде оценка за настапот на неговата екипа во Златибор.

-Задоволни сме, имавме еден кикс, меѓутоа тоа е кошарката, одиме понатаму, борба. Секој натпревар е приказна за себе, -заклучи тренерот на аеродромци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни