Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ по продолжение го скрши отпорот на незгодниот Еуро Никел

Објавено

на

МЗТ Скопје не ја задржа предноста во финишот на предвидените 40 минути против Еуро Никел, но успеа да го скрши отпорот на незгодниот противник по едно продолжение.

Актуелниот македонски првак влезе во последниот период со шест поени предност, таа предност ја имаше уште неколку пати, но Еуро Никел успеа стигне до 79:79 со слободните фрлања на Дубински и со тоа го најави продолжението.

Во него МЗТ успеа да издоминира и славеше во Кавадарци со убедливи 88:99, за крај на негативната серија во домашниот шампионат и престој на првото место на табелата.

Танасковиќ со 23 и Војдан Стојановски со 20 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Еуро Никел, Дубински реализирал 26 поени.

Претходно, Пелистер го победи Охрид како гостин со 77:85, додека ТФТ избори триумф над Кожув со 81:70.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни