Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ немилосрден во дуелот со фенерџијата Ангели

Објавено

на

МЗТ Скопје оствари убедлива победа над новиот прволигаш Ангели (77:117), одржувајќи чекор зад актуелниот лидер Пелистер во македонскиот кошаркарски шампионат.

Актуелниот шампион на полувреме имаше двоцифрена предност, но не само што не го намали темпото во следните дваесет минути, туку ја зголеми предноста за вистински дебакл на фенерџијата.

Мекиќ со 19, Стојановски со 16 и Рикиќ со 15 поени беа најдобри реализатори во победничкиот состав, а двоцифрен учинок имаа уште Вер, Дејвис и Милошевиќ.

Мандерсон со 25 и Васар со 20 поени беа најдобри поединци кај КК Ангели, екипата која немаше шанси да го изненади големиот фаворит на оваа средба.

МЗТ Скопје сега има ефект 6-1, додека Ангели остануваат на дното како единствена екипа без победа во досегашниот тек на првенството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни