Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ немаше решение за спектакуларниот Соколов, Еуро Никел го освои „Јане Сандански“

Објавено

на

МЗТ Скопје очигледно е многу ранлив на почетокот на натпреварувачката сезона во Првата македонска кошаркарска лига, бидејќи вечерва загуби по вторпат на третиот меч во нашето најсилно друштво, овојпат од тимот на Еуро Никел.

Аеродромци на крајот беа комплетно надиграни во последната четвртина и го фрлија во вода цел труд во трите четвртини, па на домашен терен во „Јане Сандански“ мораа да им подадат рака на ривалите од Кавадарци кои завршниот период го добија со импресивни 33:19.

Тоа секако ја направи клучната разлика во мечот кој беше израмнет во најголем дел, па гостите на крајот славеа со 75:87 и забележаа дури третата победа на четвртио меч во домашното првенство.

Нерешлива енигма за фаворитот беше Дарко Соколов кој ги „потопи“ аеродромци со 30 поени и 6 скока, а по него, во гостинскиот тим се истакнаа и Казарновски со 14 и Мијатовиќ со 13 поени. Во редовите на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски беше најефикасен со 26 поени, следен од Бојиќ со 19 поени.

На останатите два натпревари денеска, ФМП како гостин го победи Вардар со 82:78, додека Пелистер на домашен терен го декласираше Куманово со 113:75.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни