Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ немаше решение за Рогашка, забележа прв пораз во АБА2 лигата

Објавено

на

МЗТ Скопје не успеа да врзе две победи во АБА2 лигата и денеска загуби од тимот на Рогашка (80:64) во натпревар кој беше решен уште во вториот период.

Македонскиот претставник одигра солидно во првиот период кој заврши со резултат 17:13 за противникот, но во вториот дел од пресметката дозволи двоцифрена негатива од која не успеа да се врати.

Рогашка на полувреме водеше со 45:29, задржа голем дел од предноста и до почетокот на последниот период, па МЗТ немаше можност да направи нешто повеќе во завршницата.

Стојановски и Дејвис беа најефикасни кај МЗТ со по 12 поени, а Вујачиќ го предводеше тимот на Рогашка со 19 поени.

МЗТ Скопје го заврши настапот во првиот балон со една победа и еден пораз, а утре својот втор натпревар ќе го одигра и Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни