Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ не му даде шанса на Кожув, прва победа за шампионот во новата сезона

Објавено

на

МЗТ Скопје го победи Кожув со убедливи 89:71, остварувајќи ја првата победа во новата сезона на македонската кошаркарска лига.

Со посилен состав и поголема ротација во однос на поразот на гостувањето кај Пелистер, МЗТ ја потврди фаворитската улога, а неуспехот за Кожув значи втор пораз на исто толку натпревари.

МЗТ имаше мала предност по крајот на првиот период, но затоа на пауза замина со плус седумнаесет, кои беа недостижни за кошаркарите на Кожув, а во последниот период домашниот состав во еден момент имаше 22 поени предност.

Дејвис со 14 и Вер и Стојановски со по 12 поени беа најефикасни кај МЗТ, додека кај Кожув доминираше Николовски со дури 29 поени.

Првиот триумф во домашното првенство ќе му овозможи на МЗТ помирно да се подготвува за првите обврски во АБА 2 лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни