МЗТ не дозволи изненадување на дуелот со Гостивар

MZT-Karpos

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје го совлада Гостивар со 75:67, со што стигна до четвртата победа во шестото коло на Првата кошаркарска лига и се израмни на табелата со денешниот противник кој има ист скор.

МЗТ доминираше во вториот и третиот период кога и ја најави победата, а Гостивар во завршницата стигна на минус четири, но не успеа да направи нешто повеќе за да го изненади домашниот тим.

Симоновски со 22 и Трајковски со 13 поени биле најдобри реализатори во победничката екипа, додека кај Гостивар, Тодоровиќ и Сегариќ постигнале по 18 поени.

Facebook Коментари