МЗТ не дозволи изненадување на домашен терен во полуфиналето со Блокотехна

MZT-Blokotehna2

Екипата на МЗТ Скопје одигра далеку подобар натпревар отколку пред два дена во Негорци против тимот на Блокотехна и заслужено славеше со високи 89:72 во третиот натпревар од полуфиналната серија во македонската кошаркарска лига.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов лошо го отворија натпреварот и имаа негатива од 6:0 по првите три минути, но потоа со фуриозна игра стигнаа до десет поени предност по крајот на првите десет минути. И втората четвртина беше во знакот на домашниот тим кој, па така скопјани на пауза заминаа со 12 поени предност (43:31).

Во третиот дел гостите одиграа нешто подобро, но тоа не беше доволно за сериозно да ја стопат предноста на металците. Наместо тоа, МЗТ со нова одлична четвртина стигна до конечна победа од 89:72 и предност од 2:1 во серијата до три победи.

Андрија Бојиќ со 22 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, додека кај Блокотехна се истакна Мијатовиќ со 17 поени.

Facebook Коментари