МЗТ и Младеновски се разделија, центарот брка ангажман во странство

MZT-Kumanovo

Центарот, Љубомир Младеновски повеќе не е член на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром.

Македонскиот репрезентативец изразил желба повторно да се проба во странство, а упрвата на клубот одлучи да не му стои на патот, па дојде до спогодбен раскин на договорот. Младеновски во АБА2 лигата имаше просек од 4,9 поени и 3,3 скокови, додека пак на домашната сцена настапи на 31 средба со просек од 7,8 поени и 6,4 скока.

Да потсетиме популарниот Бубе една кампања мина во Словенија во дресот на Илирија, а во својата кариера освен за овие два клубови има настапувано и за Работнички.

Facebook Коментари