МЗТ ја „скрши“ незгодната Блокотехна и го потврди вечното дерби во финалето

MZT-Blokotehna1

Екипата на МЗТ Скопје славеше победа на гостувањето кај Блокотехна со 74:72 и се пласираше во своето тринаесетто финале во македонското кошаркарско првенство.

Натпреварот го одбележаа големиот број изгубени топки на двете страни, вкупно 32 од кои 17 беа дело на играчите на МЗТ Скопје.

По една израмнета прва четвртина во која МЗТ имаше само поен позитива, домашниот тим на Блокотехна одигра солидни втори десет минути по кои на пауза замина со предност од седум поени. Сепак скопјани се вратија во третата четвртина која ја добија со девет поени (15:24) и до крајот го контролираа резултатот по што заслужено се пласираа во финалето од кошаркарскиот плејоф.

Уште еден одличен натпревар одигра Андрија Бојиќ кој зад своето име запиша 22 поени на кои надополни и 11 скокови.  Данило Мијатовиќ беше најпрецизен кај Блокотехна со 17 уфрлени поени.

Facebook Коментари