МЗТ ја прокнижи и втората победа во АБА 2 лигата

Jabarie-Hinds

Македонскиот првак МЗТ Скопје стигна и до втората победа во новата сезона во регионалната АБА 2 лига, вечерва совладувајќи го тимот на Спарс на гостински терен.

Првото полувреме донесе израмнет натпревар, но во вториот дел МЗТ успеа да покаже дека е поквалитетен тим и на крајот победи со 77:65 во Сараево.

Ако на првиот натпревар против Слобода се истакна Нуни Омот, вечерва блескаше Џабари Хиндс, кој натпреварот го заврши со 23 поени, 9 скокови и 8 асистенции. Зад него на листата на најдобри реализатори се најдоа Стојановски со 12 и Омот со 10 поени.

Facebook Коментари