Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ ја „преплива“ Сутјеска и со фантастична поддршка од „Фемили“ се пласираше во полуфиналето

Објавено

на

МЗТ Скопје Аеродром ја оправда фаворитската улога и ја „преплива“ Сутјеска во „Јане Сандански“ како домаќин на завршниот турнир во АБА2 лигата, по што сега е чекор поблиску до посакуваната цел.

Аеродромци се пласираа во полуфиналето и сега се на само два меча од пласман во првата АБА лига, иако мора да се напомене дека Сутјеска не дојде со бело знаме и беше навистина незгоден ривал за македонскиот претставник.

На третиот четвртфинален дуел денеска, македонскиот првак на крајот победи со 73:68 и ги казни грешките кои ги направи гостинскиот тим кога се кршеше резултатот во последниот период.

„Металците“ предводени од тренерот Петровиќ имаа супер поддршка од трибините и популарните „Фемили“ одговорија онака како што им доликува, односно беа ветер во грб на своите играчи во текот на целиот меч.

Факт е дека МЗТ го диктираше темпото и резултатот уште од самиот старт и ги доби првата и втората четвртина, но во второто полувреме имаше мал пад, кој резултираше со губење на третиот период. Добра вест е што тоа не донесе дополнителна нервоза, а истата се префрли на другата страна и МЗТ на крајот мирно го приведе мечот до крај.

Кристијан Николов со 17 поени беше најдобар поединец во победничкиот тим, Војдан Стојановски уфрли 15, додека кај гостите, Спасојевиќ и Томашевиќ постигнаа по 13 поени.

Противник на МЗТ во полуфиналето ќе биде подобриот од последниот четвртфинален дуел меѓу Широки Бријег и Сараево.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни