Македонија
МЗТ ја отвори новата сезона со „стотка“ и петти трофеј во Суперкупот
СРЦ Кале денеска беше домаќин на двете финалиња во Суперкупот, па откако Баскет Кам го грабна првиот трофеј во женска конкуренција, на ред дојде големото дерби во машка конкуренција.
МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога во дуелот со ТФТ и ја отвори новата сезона на домашна сцена со „стотка“, победувајќи го тимот на Тафталиџе со резултат 100:82.
Актуелниот македонски шампион го диктираше темпото на Кале и покажа дека се уште е најквалитетен тим во нашата земја, односно тим кој сите ќе сакаат да го победат и во новата натпреварувачка сезона.
МЗТ многу рано дојде до двоцифрена предност и имаше комотно водство на полувремето, па иако ТФТ успеа да се приближи пред крајот на последниот период, завршната четвртина сепак не донесе голема возбуда.
„Штрковите“ демонстрираа сила и се изборија за комотна победа на мечот кој го носи првиот трофеј во новата сезона, што за МЗТ е петта титула во Суперкупот.
Мицовиќ беше најефикасен во МЗТ Скопје со 27 поени, а по 18 уфрлија Дамјан Стојановски и Мајк Кафи. Андерсон беше најдобар во поразениот тим со 20 поени и 5 скока.
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија19 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства22 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија15 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија19 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Репрезентација22 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!