Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ ја освои Гевгелија, Пелистер отвори фуриозно и во 2022. година

Објавено

на

МЗТ Скопје го загуби дербито со Пелистер на крајот на 2021-ва година, но сега ја отвори новата на посакуван начин и го положи првиот испит.

„Металците“ се вратија триумфално од Гевгелија откако победија со 71:86 против Кожув во натпревар кој го контролираа во сите четири четвртини, во кои гостите беа за нијанса подобри во секоја од нив.

Тимот од Аеродром константно го зголемуваше водството од период во период и на крајот славеше со комотна двоцифрена предност, што секако е добар сигнал на стартот на 2022-ра година.

Кристијан Костов со 17 и Милошевиќ со 14 поени беа најдобри во редовите на МЗТ, додека на спротивната страна се истакна Бродвеј со 28 поени со кои беше и најефикасен на мечот.

Во вториот натпревар денеска, Пелистер исто така ја оправда фаворитската улога и во одличен натпревар ја победи ФМП Академија со 94:73.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни