Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ ја освои Битола и дојде до јубилејната десетта титула

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје е старо-нов шампион во мак баскетот и тоа откако вечерва ја затвори финалната серија против Пелистер.

По двете остварени победи во „Јане Сандански“, популарните „штркови“ ја освоија Битола и со 3-0 дојдоа до јубилејната десетта титула во најсилниот домашен шампионат. Избраниците на Атанасов славеа со 92-83 и тоа во дуел во кој клучната предност ја направи во третиот период кој го реализираше со 27-18.

Ова значеше дека во завршните десет минути влегува со двоцифрена предност (68-57), предност која се покажа како доволна затоа што домаќините немаа сила да се вратат, да направат пресврт и останат во игра за пехарот.

Одново свое шоу имаше Стојановски (Војдан) со 33 поени на кои додаде 7 скока и 2 асистенции, Вер додаде 16 кошеви.

Кај домаќинот Карутерс постигна 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни