Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ ја најави новата сезона и најави дека ќе атакува на четири титули

Објавено

на

Foto:mztskopjeaerodrom.mk

МЗТ Скопје ги привршува подготовките за новата сезона која за македонскиот првак ќе стартува утре, и тоа со натпревар во регионалната АБА2 лига против тимот на Теодо.

Најдобриот македонски кошаркарски колектив работеше добро ова лето и успеа да го засили ростерот на тренерот Васко Атанасов, кој денеска од прес-конференцијата испорача оптимистички пораки за новата сезона.

– Зад нас е еден добар преоден рок во кој го задржавме костурот на тимот и додадовме добри кошаркари кои ќе ни бидат од голема помош. Како тренер ми беа исполнети сите мои барања за играчкиот кадар. Нашата цел е да ги одбраниме трите трофеи во макбаскетот, но и да го нападнеме четвртиот и да се вратиме во АБА со што верувам би ги задоволиле сите наши навивачи, – изјави Атанасов.

Според неговата изјава, МЗТ не планира да освои трофеи во домашното првенство, во Купот и во Суперкупот, туку и да се бори за тронот во АБА2 лигата.

Покрај тренерот, свое обраќање имаше и капитенот Дамјан Стојановски, кој исто така нагласи дека новиот тим поседува квалитет за да биде дел од јадранската елита наредната година.

– Сакам да изразам благодарност што и оваа сезона ќе ја почнам како капитен на МЗТ Скопје. Имавме добар подготвителен период, одигравме доволен број на натпревари и подготвени го дочекуваме стартот на обврските во АБА2. Мислам дека оваа екипа има квалитет за влез во јадранската елита, но мораме да одиме чекор по чекор и со помош на нашите навивачи да го вратиме МЗТ каде што му е местото, – изјави Стојановски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни