Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ ја надмина кризата во третата четвртина и ја надигра Сутјеска за прва победа во АБА2 лигата

Објавено

на

По шокантниот пораз од Подгорица во првото коло во „балонот“ на Златибор, МЗТ Скопје успеа да се рехабилитира и вечерва стигна до планирана победа, откако овојпат успеа да ја оправда фаворитската улога во дуелот со Сутјеска.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов делуваа одлично во првото полувреме и заминаа на пауза со 47:39, а потоа имаа мала криза во играта во третата четвртина, која за среќа набрзо ја надминаа и се вратија во игра.

Сутјеска направи пресврт и поведе со плус шест на средина на третиот период, но аеродромци успеаја да се приберат и пред стартот на последниот период повторно ја вратија позитивата.

Во одлучувачкиот дел од играта, „металците“ во најдобар дел имаа предност од најмалку пет разлика, а во последните две минути комплетно го скршија отпорот на противникот и победија со конечни 92:83.

Олуџоби со 24 поени беше најдобар поединец во нашиот тим, додека добар учинок имаше и Готчер со 16 поени. МЗТ во следното коло на Златибор ќе игра против Широки Брег, а натпреварот се игра за три дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни