Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ излезе на крај со незгодниот Гостивар и ја продолжи позитивната серија

Објавено

на

МЗТ Скопје оствари победа во дербито со Гостивар (78:75), кое беше решено во драматична завршница и стигна до седмиот триумф во актуелната сезона на македонското кошаркарско првенство.

Двете екипи ги оправдаа очекувањата, иако МЗТ имаше подобар почеток, па во вториот период дојде до двоцифрена предност.

Сепак, избраниците на Александар Јончевски се вратија навреме во средбата и скопскиот тим на полувреме имаше минимална предност (37:36).

И во продолжение МЗТ речиси постојано имаше водство, во еден момент стигна и до плус девет, но Гостивар не се откажуваше и во последната минута Тодоровиќ имаше две слободни фрлања за израмнување. Сепак, гостинскиот кошаркар реализираше само едно фрлање и на крајот МЗТ ја зачува позитивата и победи со 78:75, оддалечувајќи се од вечерашниот противник на табелата.

Крстевски и Вер со по 19 поени го предводеа МЗТ Скопје, додека во тимот на Гостивар се истакнаа Ворку со 23 и Силаџи со 18 поени.

Претходно, Кожув го победи вториот тим на МЗТ со 104:92, обезбедувајќи ја четвртата победа по ред во домашното првенство. Николовски со 26 и Граниќ со 20 поени биле најзаслужни за составот од Гевгелија кој се проби во првиот дел од табелата.

МЗТ привремено е на првото место со ефект 7-1, додека Гостивар сега има 5 победи и 3 порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни