Македонија
МЗТ издоминира и во Битола и стигна до деветтата шампионска титула

Екипата на МЗТ Скопје по деветти пат се искачи на тронот во македонската кошарка откако вечерва го совлада Пелистер среде Битола со 102:93.
Оваа победа беше доволна скопскиот тим да дојде до 3:1 во финалната серија против пелистерци, со што стигна до нова титула во националниот шампионат.
МЗТ во текот на целиот натпревар го диктираше темпото, но во првото полувреме не успеа да се одвои на двоцифрена предност.
Тоа го стори во вториот дел кога за прв пат дојде до двоцифрена предност поведувајќи со 63:52. Во продолжение Пелистер се доближуваше, но „металците“ не дозволија пресврт и до крај го одржаа водството што на крај резултираше со нова шампионска титула.
Одличен натпревар одигра Милошевиќ кој заврши со 31 поен од кои дури 22 дојдоа во првиот дел. Војдан Стојаноски и Рикиќ исто така имаа солиден настап и забележаа по 17 поени. Кај поразениот тим Малешевиќ и Кесар беа стандардно добри со 21 односно 19 поени.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)