Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ имаше подобар финиш и ја прекина победничката серија на ТФТ

Објавено

на

МЗТ Скопје им се врати на обврските во домашното првенство и го доби дербито со ТФТ, победувајќи го скопскиот ривал со резултат 91:78.

Домаќините започнаа одлично и го добија првиот период со 30:19, но ТФТ покажа заби во вториот период и на полувреме двете екипи заминаа со израмнети 43:43.

Неизвесноста продолжи и во третиот период, во кој по неколку кратки серии на двете страни, повторно егал ситуација во пресрет на последнит десет минути.

Разврската започна на три минути до крајот на средбата, кога МЗТ Скопје подобро се снајде на теренот и направи разлика, за на крајот да стигне и до убедлива победа со 91:78.

Капитенот Стојановски беше најдобар поединец на теренот и кај МЗТ со 30 уфрлени поени, додека Магдевски и Крстевски реализираа по 13.

Во редовите на ТФТ, Смит го заврши натпреварот со 18, а Херис со 16 поени.

Ова е само четврта победа сезонава за МЗТ, а истовремено значи прекинување на долгата успешна серија на ТФТ, кој останува на скор 7-3, со три натпревари повеќе од денешниот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни