Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ го скроти незгодниот Еуро Никел и поведе во финалната серија

Објавено

на

МЗТ Скопје победи на првата средба од серијата со Еуро Никел (83:81) и поведе со 1:0 во финалето на македонскиот кошаркарски плејоф.

Гостите од Кавадарци имаа подобар почеток па дури и двоцифрена предност и го добија првиот период со резултат 17:25, но МЗТ успеа не само да се врати од негатива, туку и на полувреме да има плус четири.

Домаќините ја продолжија позитивната серија и во третиот период во кој стигнаа до двоцифрена предност, што беше сериозен предизвик за Еуро Никел и избраниците на тренерот Самарџиев.

Гостите успеаја да фатат приклучок и на 2:13 минути до крајот стигнаа до резултат 79:77, но во завршните напади МЗТ сепак успеа да одржи предност. Дубински со тројка намали на 82:81 на 17 секунди до крајот, но Еуро Никел задоцни со прекршокот и имаше само една секунда да се обиде да направи нешто повеќе на резултат 83:81, кој беше и конечен на натпреварот.

Олуџоби со 24 и Стојановски со 15 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ, додека кај Еуро Никел, Соколов реализираше 16, а Дубински 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни