Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ го преслуша Пелистер во македонското дерби во АБА2

Објавено

на

Третото коло во кошаркарската АБА 2 лига донесе македонско дерби во регионалното натпреварување, во кое како далеку поуспешен се покажа тимот на МЗТ Скопје.

Аеродромци режираа слетка одмазда за претрпениот пораз во домашното првенство пред еден месец, такашто денеска издоминираа во Осијек и го надиграа ривалот во секој елемент.

Интересно, првата четвртина им припадна на битолчани и истата ја добија со 26:18, но потоа следеше вистински потоп за нив во вториот период во кој „металците“ минаа како фурија.

МЗТ ја доби оваа четвртина со неверојатни 33:12 и отиде на двоцифрена предност, што беше најава за втора победа во региоланото натпреварување.

Следните две четвртини беа навистина скромни и вкупно се постигнаа 55 поени во второто полувреме, па така МЗТ лесно ја одбрани позитивата и победи со 80:64.

Милошевиќ со 29 поени и шест скока беше убедливо најдобар кошаркар на паркетот, а во МЗТ го следеа Вер со 13 и Крстевски со 12 поени. Во редовите на Пелистер, Кесар и Малешевиќ постигнаа по 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни