Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ го преслуша Левски во првата пресметка во Скопје

Објавено

на

МЗТ Скопје е домаќин на Левски Лукоил на предвидените два пријателски меча, од кои еден се одигра вечерва и истиот мина во комплетна доминација на македонскиот тим.

Аеродромци докажаа дека се за класа подобри со најдобриот тим уште во првата четвртина во која поведоа со 17:3, а која ја завршија со позитива од 19:8. Двоцифрената предност растеше и во втората четвртина, во која МЗТ дојде и до најубедливата позитива од плус 21.

Високата предност беше најава за лесна победа против гостите од Бугарија, па на крајот резултатот гласеше 94:74. Дамјан Стојановски и Андреј Магдески беа најдобри на паркетот и постигнаа по 17 поени, пратени од Феми Олуџоби кои уфрли 15 поени.

Меѓу двоцифрените уште беше Хасани Гравет со 10 поени, а Бојан Крстевски постигна 9, Андрија Бојиќ 8, Кристијан Николов 7, Тодрик Гочер 6 и Филип Бакоч 5 поени.

Овој вечерва беше првиот од двата меча меѓу МЗТ и Левски, а вториот ќе се игра веќе утре попладне со почеток во 14:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни